Search

Турско-руски разговори за Сирија и за Либија денеска и утре во Анкара

Турски и руски официјални лица ќе се состанат оваа недела во Анкара на нова рунда разговори за Сирија и Либија, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Москва и Анкара ги поддржуваат спротивставените страни во вооружените конфликти во Либија и Сирија.

„Консултациите меѓу турската и руската меѓуагенциска делегација за Либија и Сирија ќе продолжат на техничко ниво на 15 и 16 септември 2020 година во Анкара”, соопшти Министерството.

Анкара и Москва се главните посредници во либиската војна и разговараа за постојан прекин на огнот и за политичко решение на конфликтот во таа северноафриканска земја.

Русија ги поддржува силите на одметнатиот генерал Калифа Хафтар, со седиште на исток, додека Турција и помогна на меѓународно признатата влада на националниот договор (ГНА) од Триполи да ја одбие офанзивата на Хафтар.

Анкара и Москва ги поддржуваат и ривалските страни во Сирија.

Русија, заедно со Иран, ги поддржуваат силите на претседателот Башар ал-Асад, а Турција ги поддржува бунтовниците кои сакаат да го соборат од власт.

Треба да знаете
Последни објави