Search

Турски шпионски авиони десетици пати го нарушиле грчкиот воздушен простор

Тензиите меѓу Турција и Грција остануваат на високо ниво, при што турскиот режим, наводно, континуирано го нарушувал грчкиот воздушен простор неделана со авионите СН-235. Грција ја обвини Турција за 45 прекршувања на грчкиот воздушен простор во вторникот, од кои 35 се вели дека биле спроведени од шпионски авиони СН-235 кои летале кон северно-источно, централно и јужно Егејско Море.

Според извештајот на грчкиот весник „Прото Тема“, во најмалку три случаи, грчки борбени авиони успеале да ги пресретнат турските авиони.

Грција и Турција и понатаму имаат проблематични односи бидејќи турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ останува на Медитеранот, придружуван од околу 10 турски поморски воени бродови. Бродот спроведува сеизмичко истражување во облас во Средоземното море, за која Грција тврди дека е дел од грчката ексклузивна економска зона (ЕЕЗ).

Во средата, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, нагласи дека владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган сака да се реши спорот во Медитеранот преку дијалог.

„И покрај сето ова, сакаме да веруваме дека ќе преовлада здравиот разум. И на терен и на маса, ние сме за меѓународното право, добрососедството и дијалогот. Ние сакаме да постигнеме политички решенија преку мирни средства во согласност со меѓународните закони“, рече Акар.

Во исто време, турското Министерство за надворешни работи ја обвини Грција за кршење на правата на турското малцинство во регионот Тракија поради затворањето на училиштата, за што Грците тврдат дека е поради недостиг од ученици.

„Оваа практика на Грција е дел од политиката на асимилација и угнетување што се применува со децении против турското малцинство на Западна Тракија“, велат од Министерството.

Тие тврдат и дека Грците го прекршиле Договорот од Лозана, со кој завршила војната меѓу двете земји во 1923 година.

Грчката влада строго одговори на овие обвиненија, велејќи: „Парадоксално е, ако не и смешно, Турција да ѝ каже на Грција за потребата да ги почитува малцинските права. Историјата засекогаш ќе остане најобјективен сведок на систематската елиминација во Турција на сите малцинства на нејзината територија во текот на 20 век“.

„Патем, во Цариград (Истанбул) во 1955 година имало 54 грчки основни училишта, а денес само три. Дали турското раководство знае зошто?“, додаваат тие.

Треба да знаете
Последни објави