Search

Турски професори дизајнирале робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19

Професори во турскиот црноморски регион Орду дизајнирале робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19. Шест професори од Центарот за наука и уметност „Д-р М. Хилми Ѓулер“ во Орду, Турција, поврзан со националното Министерство за образование, соопштија дека развиле робот што мери температура, дава маски и средства за дезинфекција и ги контролира автоматските уреди.

Професорите, кои се специјалисти за кодирање, софтвер, дизајн, механичка и електрична енергија, го дизајнирале роботот и го изработиле со помош на 3Д принтер.

Сместен на влезот од зградата, роботот ќе ја мери температурата на оние што сакаат да влезат и ако температурата е висока, нема да дозволува вратите да се отворат. Ако температурата е нормална, ќе им дава на гостите маски и средство за дезинфекција.

Онур Бекјурек, директорот за образование во областа, изјави дека прототипот на роботот чини 1.000 долари.

„Веруваме дека оваа бројка ќе се спушти на 700 долари ако започнеме со масовно производство“, рече тој, додавајќи дека роботот може да се користи во сите училишта и институции во Турција.

Треба да знаете
Последни објави