Search

Турски медиуми: Сириските сили го зазедоа градот Сулук

Сириските сили, заедно со сојузниците денеска го зазедоа градот Сулук, на петтиот ден од турската офанзива во северна Сирија.

Курдските воена сила се протерани од центарот на градот, кој се смета за стратешки крстопат, на околу 10 километри од границата со Турција, јави турската новинска агенција Анадолија.

Курдските власти тврдат дека судирите во Сулук се во тек.

Неколку гранати истрелани од Сирија ги погодија турските погранични градови Акчакале и Суруч, во провинцијата Санлиурфа.

Треба да знаете
Последни објави