Search

Турскиот Парламент го продолжи мандатот на Владата за акции во Сирија

Турскиот Парламент ги продолжи за уште една година овластувањата на Владата, според кои таа може да нареди прекугранични воени офанзиви на територијата на Сирија и Ирак доколку биде соочена со безбедносни закани.

Со тоа е продолжено овластувањето на турската Влада врз основа на кое од 2014 година на земјата и се овозможува да се бори против курдските бунтовници, екстремистите на Исламска држава и други групи кои Турција ги смета за терористи во Ирак и Сирија.

Актуелниот мандат истекува на 30 октомври.

Истовремено, Турција соопшти дека е подготвена да изврпи нова офанзива во Сирија, со цел да го исчисти пограничното подрачје од курдски борци во Сирија, кои имаат поддршка од САД.

Треба да знаете
Последни објави