Search

Турскиот Парламент го изгласа законот со кој се заострува контролата врз социјалните мрежи

Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување.

Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, во иднина ќе мора да имаат свој претставник во Турција.

Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот суд за отстранување на одредена содржина во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на судските наредби, предвидени се строги казни, јавуваат турските медиуми.

Невладините организации се загрижени за ерозијата на слободата на изразување во Турција и зголемената контрола врз социјалните медиуми може да им го ограничи пристапот на Турците до независните или критички информации, во опкружување во кое доминираат провладините медиуми.

Според најновиот „извештај за транспарентност” на Твитер, Турција во првата половина на 2019 година се наоѓа на чело на земјите што барале отстранување на содржина од оваа социјална мрежа, со повеќе од 6.000 барања.

Треба да знаете
Последни објави