Search

Турскиот истражувачки брод „Орук Реис“ се врати во пристаништето во Анталија

Турскиот истражувачки брод „Орук Реис“, кој е во центарот на енергетскиот и територијален спор меѓу Турција и Грција, се врати во пристаништето во Анталија.

Според изјавата на турското Министерство за енергетика на „Твитер“, бродот се вратил во пристаништето Анталија, по завршувањето на дводимензионалните сеизмички истражувања во областа Демре.

Системот за мониторинг на бродови објави дека бродот се закотвил во пристаништето, пренесува АП.

Тензиите меѓу Турција и Грција, сојузници во НАТО, ескалираа во текот на летото откако Турција испрати истражувачки брод, придружуван од фрегати, во спорните води на источен Медитеран, што ја натера Грција да испрати свои воени бродови.

Со интервенција на НАТО беа организирани технички преговори меѓу армиите на двете земји со цел да се спречи потенцијален вооружен конфликт.

Треба да знаете
Последни објави