Search

Турскиот воен извоз во Азербејџан зголемен шест пати

Турскиот воен извоз во сојузничкиот Азербејџан годинава е зголемен за шест пати, пред се, со продажбата на беспилотни летала и друга воена опрема, а само минатиот месец ,пред избувнувањето на конфликтот во Нагорно-Карабах, вредноста на извозот се зголемил на 77 милиони американски долари .

Податоците собрани од Собранието на турски извозници, во кое се наоѓаат повеќе од 95.000 извозни компании во 61 сектор, покажуваат дека Азербејџан во првите девет месеци од 2020 година од Турција купила одбранбени средства  и опрема за авијација во вредност од 123 милиони долари, пренесуваат британските медиуми

Повеќето беспилотни летала, ракетни фрлачи, муниција и друго оружје пристигнаа по јули, по избувнувањето на пограничните судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, што ги поттикна Турција и Азербејџан да спроведат заеднички воени вежби.

Податоците покажуваат дека продажбата скокна од 278.880 долари во јули на 36 милиони во август и 77,1 милиони во септември.

Треба да знаете
Последни објави