Search

Турска телевизија објави наводно пренесување на останките на Кашоги

Турска провладина телевизија објави видео снимка, на која се гледаат мажи како носат куфери, во кои веројатно се наоѓаат останките на саудискиот новинар Џамал Кашоги, во резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

На снимката се гледаат мажи како внесуваат вкупно пет куфери преку главниот влез на резиденцијата, во близина на конзулатот, каде Кашоги беше убиен на почетокот на октомври минатата година.

Турски владин претставник изјави дека информацијата изгледа вистинита, без да наведува повеќе детали. Засега нема никакви коментари од саудиските власти.

Весникот „Сабах” пишува дека куферите биле донесени во резиденцијата вчера со црн минибус во 15,09 часот по локално време.

Новинарот Џамал Кашоги, кој беше жесток критичар на властите во Ријад, е убиен од саудиски агенти при негова посета на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври. Неговите останки се уште не се пронајдени.

Треба да знаете
Последни објави