Search

Турската серија „Балканска приказна“ вчера премиерно се прикажа во Скопје

Генералниот директор на ТРТ Собаџи: Среќни сме што ја гледаме првата епизода со нашите актери, гости и сонародници во Скопје, каде што се случува приказната

Во Старата чаршија во Скопје, вчеравечер се одржа Гала промоција на првата епизода од турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), серија којашто започна да се снима во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1.

Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, пред почетокот на галата истакна дека првата епизода од серијата ќе ја гледаат истовремено со публиката во Турција потенцирајќи дека овој пат со задоволство ќе ја проследат првата епизода заедно со актерите, гостите во Куршумли Ан и како што вели тој, сонародниците во Скопје, каде што се случува приказната. На Гала премиерата во Куршумли Ан, покрај менаџментот на ТРТ, актерите и продуцентскиот тим на серијата Балканска приказна присуствуваа министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, турскиот амбасадор во Скопје Хасан Мехмет Секизкок и претседателот на телевизија ТРТ, Ахмет Албајрак.

Собаџи: „Како ТРТ семејство, силно се фокусираме на Балканот, кој го нарекуваме „географско подрачје кое е во срцата на нашите предци“

„Како ТРТ семејство, многу силно се фокусираме на Балканот, кој го нарекуваме „географско подрачје кое е во срцата на нашите предци“. Со јавноста ги споделуваме нашите проекти и конкретни дела кои се значајни од аспект на новинарството и продукцијата, кои ги гледаме како наши главни полиња на активност. Пред некој ден ја промовиравме нашата дигитална медиумска платформа, ТРТ Балкан. Денес ја правиме премиерата на нашата серија Балканска приказна. И ова стои пред нас како знак за важноста што ние како ТРТ и го придаваме на ова географско подрачје или како што споменав, географско подрачје кое е во срцата на нашите предци.“

Собаџи искрено верува дека серијата Балканска приказна е проект којшто ќе ги освои срцата на гледачите.

Посочувајќи дека како ТРТ придаваат големо значење на одржување на различностите во нивните продукции, Собаџи рече: „Покрај успешните историски драми, ТВ сериите кои се емитуваат на ТРТ во последниот период, можете да забележите дека работиме и се осврнуваме на покривање на различни теми, како што е и нашата нова серија Балканска приказна. Верувам дека Балканска приказна за гледачите ќе донесе богата поучна содржина, пред се потсетувајќи не сите на потребата од меѓучовечките односи. Искрено се надевам дека серијата ќе биде проследена со големо внимание и воодушевување кај нас во Турција, овде во Скопје, на Балканот и на меѓународно ниво. Нека патот и биде јасен”.

Мајсторските имиња Ердал Озјаџилар и Озлем Туркад ги делат главните улоги со Емре Беј и Мерих Озтурк во серијата заедно со актерскиот тим Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Халил. Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Бену Шахин и Ерман Шабан. Режисери на серијата се Доан Умит Караџа и Волкан Капкин, додека сценариото е напишано од Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч. Продуценти се Јалчин Ари и Угур Узунок, а линиски продуцент на серијата е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.

Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи.

„Балканска приказна“ ќе се прикажува на екраните на ТРТ 1 секој вторник од 20:00 часот по турско време.

 

Треба да знаете
Последни објави