Search

Турковиќ ја повика амбасадорката на БиХ во Белград на итни консултации

По испратената протестна нота до Србија, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ ја повика денеска на итни консултации амбасадорката на БиХ во Белград.

Амбасадорката Алма Смајиќ е повикана на консултации во Сараево во врска со изречената првостепена пресуда на Вишиот суд во Белград за државјанинот на БиХ Хусеин Мујановиќ, кој е осуден на 10 години затвор за воени злосторства врз Срби.

Претходно, Турковиќ испрати протестна нота до Србија и писмо до највисоките претставници на ЕУ по истиот повод.

Во меѓувреме, и претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џеферовиќ го повика српскиот амбасадор во Сараево на итен состанок.

Мујановиќ е осуден за воени злосторства врз Срби кои се наоѓале во воен затвор во близина на Сараево.

Треба да знаете
Последни објави