Search

Туркиш ерлајнс најавува летови кон Скопје, Белград и Сараево од 21 јуни

Авиокомпанијата Туркиш ерлајнс најавува дека постепено ќе ги враќа летовите од Истанбул кон Скопје, Белград и Сараево кон крајот на месецов. Летовите кон трите градови се очекува да се обноват на 21 јуни и на почетокот ќе има по три лета неделно, односно секој понеделник, петок и недела.

Засега скопскиот аеродром е затворен, но од Агенцијата за цивилно воздухопловство добиле информација дека се очекува комерцијалните летови да продолжат во втората половина од јуни.

Сепак, во Туркиш ерлајнс велат дека промени се можни. Авиокомпанијата се надева дека враќањето до речиси целосна функционалност ќе трае околу четири месеци. Компанијата планира постепено да достигне летови до дестинации во 99 земји во септември, но не исклучува промени во плановите според развојот на настаните. Инаку, пред пандемијата турската авиокомпанија имаше летови до 126 земји.

Треба да знаете
Последни објави