Search

Туристка уапсена и казнета за носење оскудно бикини на островот Боракај

Жена е уапсена и казнета за носење оскудно бикини на плажа во рајот на Филипините, островот Боракај. Туристиката од Тајван предизвика контроверзии со тоа што на 9 октомври носела минималистички бикини на познатата плажа со бел песок на островот, јавува државната новинска агенција Филипини (ПНА).

Жената којашто патувала со своето момче, била предупредена од вработените во хотелот кадешто била сместена дека нејзиниот костим за капење е „несоодветен“, но таа не се вознемирила воопшто поради тоа.

„Ним не им беше кажано дека облеката не им е соодветна, но тие одговорија дека станува збор за уметничко изразување“, велат надлежите.

Жената била уапсена следниот ден кога на плажа повторно носела минималистичко бикини со жица. Портпаролот на полицијата изјави дека е казнета со казна со 48,40 долари поради „еротската“ облека.

Началникот на полицијата, Џес Бајлон, изјави дека за разлика од обичаите на туристите во нивните земји, тие мора да ги почитуваат културата и традицијата на Филипини.

Лоциран на централниот дел на Филипини, Боракај е една од најпознатите светски туристички дестинации.

Треба да знаете
Последни објави