Search

Туристичките работници ја поздравуваат најавата за давање на Попова Шапка под концесија

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ги поздравува најавите за давање на Попова Шапка под концесија, на инвеститор.

-Сметаме дека е тоа добра идеја. Всушност, добра е секоја идеја што носи нови содржини и можности. Не слушнавме како ќе се продава Шапка, но какво решение и да се донесе сметаме дека е добро зашто таму ништо не се случува со години, изгубени се многу работни места. Има некој вид туризам кој е интересен, но Попова Шапка има голем потенцијал кој заслужува да биде искористен, рече заменик-претседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Александар Кузмановски, одговорајќи на новинарски прашања на онлајн-прес-конференцијата на која беа соопштени предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година.

Премиерот Зоран Заев синоќа, во телевизиска дебата, рече дека има интерес за дел од државните компании, но на продажба ќе се понудат и државно земјиште и капацитети како Попова Шапка и Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси. За зимскиот центар на Шар Планина, истакна, се размислува да се настапи заедно со Брезовица, за што имало заинтересираност од страна на Косово.

Треба да знаете
Последни објави