Search

Тунтев и официјално стана директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Досегашниот пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, од денеска со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, официјално ја презеде функцијата генерален директор на АЦВ.

Како што соопштија од Агенцијата, позицијата директор во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ му ја предал досегашниот директор Горан Јандреоски.

„На чинот на примопредавање на функцијата Јандреоски го информира колегата Тунтев за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите што ѝ претстојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектиран од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот“, велат од АЦВ преку соопштение.

Претходно, денеска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја констатира оставката на Тунтев од пратеничката функција.

Треба да знаете
Последни објави