Search

Трудниците со нормална бременост во Чаир, Клиниката за гинекологија само за ризични бремености  и заразени и сомнителни трудници со Ковид-19

Клиниката за гинекологија и акушерство ги прима само трудниците со високоризични бремености изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката Викторија Јовановска.

Во договор со Министерството за здравство и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, сите други случаи, и трудници со нормална бременост се препраќаат во таа болница.

Директорката вели дека по состаноците со Комисијата за заразни болести, утврдено е дека Гинекологија мора да биде подготвена за заразени и суспектни случаи со КОВИД-19. Засега немаат такви случаи, но, вели таа, мора да бидеме спремни.

На 15 март, министерот за здравство Венко Филипче објави дека за коронавирус се тестираа две трудници од Дебар, но тестовите беа негативни.

На Гинекологија немаат заразени лица од медицинскиот персонал. Неколку здравствени работници се во домашна изолација затоа што патувале во странство…

Објавено на САКАМДАКАЖАМ.МК

Треба да знаете
Последни објави