Search

Трстена ги додели петте „златни олимписки оскари“

Спортистот на 20.век во Македонија, олимпискиот првак Шабан Трстена ги додели „златните олимписки оскари“ за оваа година. Трстена традиционално доделува признанија за личности кои биле значаен дел од неговата блескава спортска кариера.

Оваа година наградите ги понесоа поранешниот долгогодишниот претседател на Сојузот на спортови, Ѓорѓи Кузмановски, спортскиот новинар Антон Серечи, поранешниот Главен и одговорен уредник на спортскиот магазин „Скок“, Мирослав Наумоски, уредничката на МТВ 2, Мигена Горенци и на почесниот претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец.

 

Треба да знаете
Последни објави