Search

Тројца фудбалери го напуштаат Вест Хем

Тројца фудбалери ќе го напуштат Вест Хем на крајот на сезоната, откако одбија да потпишат нови договори, изјави англискиот елитен клуб. Тоа се 19-годишниот дефанзивец Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Збалета и колумбискиот халф Карлос Санчез.

Тинејџерот на „чеканите” Нгакија го направи своето деби во првиот тим во поразот од 0: 2 од Ливерпул во јануари.

Триесет и пет-годишниот Забалета има 80 натпревари за лондонскиот тим по неговиот трансфер од Манчестер Сити пред три сезони.

За две сезони, 34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во дресот на „чеканите”.

Договорите на триото со Вест Хем истекуваат на 30 јуни.

На седум кола пред крајот на првенството, тимот од Лондон го зазема 17-тото место во пласманот со само 27 поени.

Треба да знаете
Последни објави