Search

Тројца тинејџери уапсени откако нелегално влегле во Мар-а-Лаго со „калашников“ во ранец

Три 15-годишни момчиња на Флорида се во притвор откако ненамерно незаконски влегле на имотот Мар-а-Лаго со „калашников“ во ранецот додека се обиделе да избегаат од полицијата, пренесува „Њујорк пост“.

Бизарната сцена се одвивала во петокот околу полноќ кога полицијата во Палм Бич ги забележала тинејџерите паркирани во „хјундаи“ на патот на околу три километри од клубот на американскиот претседател Доналт Трамп, изјавил за претставник на полицијата од Палм Бич за Ен-би-си.

Кога полицијата се приближила до возилото, возачот избегал, иницирајќи куса потера од автомобилот, се вели во извештајот. Тинејџерите на крај го оставиле своето возило во близина на Мар-а-Лаго и, наводно, носеле ранец во кој имало „калашников“ и избегале на имотот.

Клубското обезбедување ја пронашло торбата со пушката и шаржер со 14 куршуми, соопшти полицијата.

Момчињата подоцна биле задржани на имотот. Кога полицаец ја прашал групата за пушката, еден од нив, наводно, му рекол на полицаеот дека ја нашол. Сите тројца сега се соочуваат со обвиненија за нелегално влегување на приватен имот, вооружена провала и за давање отпор при апсење без насилство.

Полицијата вели дека тинејџерите не сфатиле оти се наоѓаат во одморалиштето на американскиот претседател и дека случајно завршиле таму во обидот да го избегнат апсењето. Тинејџерите се задржани во Центарот за проценка на малолетници во Бич Вест Палм. Полицијата не ги објави нивните идентитети.

Треба да знаете
Последни објави