Search

Тројца скопјани и двајца кичевци го прекршиле полицискиот час

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против A.M.23 годишен и Љ.М.25 годишен, двајцата од Кичево, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Тој објасни дека тие, на 29.март во 17:00 часот, во време кога на сила е мерката за ограничено движење, биле затекнати на булеварот „Ослободување” во Кичево, по што биле приведени во полициска станица.

Пријавените не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус, предвидена во Одлуката на Владата на Р.С. Македонија.

Треба да знаете
Последни објави