Search

Тројца руски војници повредени во експлозија на бомба во Сирија

Тројца руски воени полицајци се здобиле со полесни повреди кога експлодирала испровизирана експлозивна направа пред нивното оклопно возило во североисточна Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„Во текот на извидувачката тура на заедничката руско-турска патрола, на 1,5 км западно од селото Коран во провинцијата Алепо, експлодираше импровизирана експлозивна направа пред блиндираното возило на руската воена полиција. Тројцата руски војници во блиндираното возило се задобиле со полесни повреди и со модринки, но не се во животна опасност“, се наведува во соопштението.

Министерството додава дека во експлозијата било оштетено возилото.

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври потпишаа меморандум за разбирање во десет точки во кој, меѓу другото, се вели дека од 23 октомври 2019 година на сириската страба од сириско-турската граница, надвор од зоната на турската операција, се воведуваат единици на руската воена полиција и сириските погранични служби кои ќе патролираат по должина на границата кон запад и исток од областа во која се изведува турската операција, освен во градот Ќамишли.

 

Треба да знаете
Последни објави