Search

Тројца припадници од ЕБР се заразени со коронавирус

Кај тројца од 18 полициски службеници, кои изминатава недела при извршување работни задачи беа сместени во одморалиштето на МВР во Охрид, тестот на коронавирусот е позитивен,  потврдуваат од МВР за МКД.мк.

Како што дознава МКД.мк, по враќањето во Скопје, еден од припадниците на Единицата за брзо распоредување пројавил симптоми на заразеност на ковид-19. Направени се тестирања кај сите 18 полицајци.

Од досега добиените резултати тројца  од нив се позитивни, а четворица се негативни на вирусот ковид-19, додека за останатите 11 резултатите се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден. Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација, а во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави