Search

Тројца повредени при експлозија на покривот на Универзитетот во Лион

Три лица се полесно повредени денеска при силна експлозија на покривот на зградата на Универзитетот во Лион, што се наоѓа во лионското предградие Вилурбан, соопшти француската полиција.

По експлозијата избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат, а била спроведена и евакуација на присутните во објектот.

Управата на Универзитетот соопшти дека до „случајната експлозија” дошло при градежни работи за реновирање на објектот.

Треба да знаете
Последни објави