Search

Тројца повредени во тешка сообраќајка кај Арачиново

На 10.10.2021 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф караван”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(28) од с.Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3″, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3″, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Треба да знаете
Последни објави