Search

Тројца повредени во судир на трактор и „лада“ кај Прилеп

На 21.10.2020 во 18.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај место викано „Босја бара“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Струга и трактор „ИМТ-539“, со приклучна приколка без регистарски ознаки, управуван од П.Н(37) од с.Големо  Коњари, прилепско.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото М.Ф.(52) од Струга, а со телесни повреди се здобиле Џ.Б.(31) и малолетник, сопатници од истото возило, двајцата од Прилеп, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави