Search

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Штипско

Вчера во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Косевица, кај маало „Чутурање“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода октавија“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(19) и „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(59) од с.Косевица.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Г.В. и сопатничката од истото возило Д.В. (68) од с.Косевица, а со телесни повреди се здобил В.В., констатирани во Клиничката болница Штип, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Штип, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави