Search

Тројца повредени во сообраќајка на бул.„Словенија“

На 17.09.2019 во 12.45 часот на крстосница од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(23) и патничко моторно возило „хјундаи И30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(51), и двајцата од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.И.(73), сопатник од возилото „хјундаи И30“, а со телесни повреди се здобиле М.Н. и С.Н.(51), сопатничка од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави