Search

Тројца повредени во сообраќајка кај Штип

Вчера во 15,00 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел вектра” со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(41) од Струмица и патничко моторно возило “фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.М.(60) од с.Дабиле, Струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Н.М.(56) од село Дабиле и Н.Д. по што биле пренесени во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави