Search

Тројца кавадарчани со фалс денари плаќале сметки

Полициската страница Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

– Пријавените го сториле делото во текот на јуни оваа година. Тие набавиле вкупно 193 банкноти од по 500 денари, сите со ист сериски број и 1.000 денари со ист сериски број, по што ги пуштале во промет во Кавадарци и во други градови, појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави