Search

Тројца загинати при удар на торнадо во САД

Најмалку три лица загинаа, а повеќемина други се повредени,  при налет на силно торнадо во главниот град на американската сојузна држава Мисури, Џеферсон Сити.

Локалните власти соопштија дека Џеферсон Сити бил погоден од „насилно торнадо”, што предизвикало големи материјални штети, додавајќи дека многу луѓе останале заробени под урнатините на нивните домови.

Торнада биле регистрирани и во градовите Џоплин и Карл Џанкшан во Мисури, но според тамошните локални власти, нема сознанија за загинати, туку само за предизвикана значителна материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави