Search

Тројца дилери од Скопје уапсени со хероин и марихуана во Штип

Тројца дилери на дрога од Скопје биле уапсени откако полицијата кај нив пронашла две кеси со хероин и марихуана, вчера во близина на Штип.

Според МВР, полицијата вчера во 16.25 часот на излезот од Штип кон Велес сопрела автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки во кој биле А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. По извршениот претрес кај тројцата биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

Дилерите биле приведени во ПС Штип по што против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции.

Треба да знаете
Последни објави