Search

Тројно понизок водостојот на дел од реките

Постојано намалување на водостоите на реките во однос на просекот за март покажува неделниот преглед на мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Речиси тројно пониско ниво споредено со просекот за месецов  има Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила, Црн Дрим кај Ложани. Двојно е намален водостојот на Лепенец кај Скопје, Брегалница кај Штип, Црна Река кај Новаци.

Според неделниот преглед на мерењата на УХМР, нема промени кај водостоите на Дојранското Езеро чие ниво е минимално зголемено, како и на Охридксото и Преспанското Езеро.

Треба да знаете
Последни објави