Search

Тропската бура Бета се движи кон Тексас и Луизијана

Тропската бура Бета се доближува до бреговите на Тексас и Луизијана и се стравува дека ќе донесе обилни дождови и ќе предизвика поплави и зголемување на водостојот по должината на брегот на Заливот.

Доколку Бета го погоди Тексас, што се очекува денеска, тоа би било деветта бура на континенталниот дел на САД во 2020 година.

Со тоа би бил достигнат рекордот од 1916 година, вели Фил Клосбаг, научник во државата Колорадо, кој проучува бури.

Крајбрежните области изминатиот викенд почнаа да се подготвуваат за Бета, а градот Галвестон и истоимената област издадоа наредба за доброволно евакуација. Истото го стори и градот Сибрук, во северниот дел на Галвестон.

Привремениот градоначалник Крег Браун изјави дека ако нивото на водата се искачи за 25 сантиметри, патиштата ќе бидат непроодни, особено во западниот дел на градот и во областите на помала надморска височина.

Бета се движи со ветрови од 95 километри на час, а во неделата наутро беше на 320 километри од Галвестон, објави американскиот центар за урагани.

Треба да знаете
Последни објави