Search

Трновит пат до „Оскарите“-Рене Зелвегер работела како келнерка и живеела на улица со продавачи на крек

Холивудската sвезда Рене Зелвегер (51) од родниот Тексас се преселила во Лос Анџелес кон крајот на 1993 година, а за да преживее – работела како келнерка. Гледајќи ги другите, таа бргу сфатила каква личност не сака да биде.

„Работев во бар на улицата Вине, зад мобилната бензинска пумпа. Тоа беше неверојатна работа за девојка како мене, која секогаш живееше во релативно безбедно опкружување. На аголот се продаваше крек, па кога си одев дома доцна, не можев да излезам од автомобилот и да отидам во станот додека не заврши примопредавањето“, рече таа.

Првата забележителна улога Зелвегер ја имала во 1995 година во култниот филм „Тексашки масакр со моторна пила“, а една година подоцна, таа глумела самохрана мајка, која е заљубена во спортски агент во филмот „Џери Мегваер“.

„Благодарение на тој филм успеав да си ја платам киријата и повеќе не морав да работам како келнерка. Ми даде слобода“, објасни своевремено актерката. За комедијата „Сестра Бети“ таа освои „Златен глобус“ и ја воодушеви публиката со улогата на вдовица.

„Оскарот“ за најдобра споредна актерка во 2004 година го освои за улогата во филмот „Студена планина“, а статуетката ја доби и оваа година. На 92. доделување на „Оскарите“ наградата за најдобра актерка отиде кај неа за улогата на Џуди во истоимениот филм.

Гледачите, сепак, најмногу ја засакаа во филмовите за Бриџит Џонс, улога за која мораше да се здебели неколку килограми.

Поради лошата психичка состојба, во еден момент актерката едноставно избега од рефлекторите и камерите. Таа отсуствуваше шест години, период во кој се бараше самата себеси. Сега е една од најбараните актерки во Холивуд.

Треба да знаете
Последни објави