Search

Тркалезна маса за образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик

„Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава” е тема на тркалезната маса што Националниот Сојуз на глуви денеска ќе ја организира по повод Интернационалниот ден на знаковниот јазик.

Од Сојузот посочија дека на оваа тркалезна маса ќе присуствуваат до 30 лица, а најавени се  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука Мила Царовска и преставници од Заводот за рехабилитација „КочоРацин”.

При организирање на оваа тркалезна маса, како што се посочува во соопштение, ќе бидат запазени сите протоколи за одржување на вакви собири со цел заштита на здравјето на учесниците.

Треба да знаете
Последни објави