Search

Три ракети ја погодиле амбасадата на САД во Ирак, тројца повредени

Најмалку три лица се повредени во ракетниот напад што се случи синоќа врз американската амбасада во Багдад, јави ирачката државна телевизија, повикувајќи се на извори во ирачките безбедносни служби.

Од петте испалени ракети, три паднале директно врз зградата на амбасадата. Една од нив паднала на кантината, каде во тој момент имало вечера.

Ова е втор напад врз амбасадата во изминатите седум дена, но ова е првпат ракета да падне директно врз објектот.

Треба да знаете
Последни објави