Search

Три ракети истрелани врз Зелената зона во Багдад

Три ракети од типот Качуша паднаа во Зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција.

Ракетите се лансирани синоќа од багдадското предградие Зафаранија.

Во Зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите истрелани ракети паднале во близина на Амбасадата на САД.

Се уште нема информации за евентуално настрадани или причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави