Search

Три питбула растргнале девојче додека си играло на улица

Деветгодишната Ема Хернандез почина во Детроит во понеделникот, откако била нападната  од три питбула.

Девојчето си играло на улица, а откако се случил нападот, сведоците се обиделе да и ’помогнат. Едниот дури пукал кон кучињата.

Фрлив тула на едно куче“, изјавил еден од очевидците, Едвард Круз, за „Си-ен-ен“.

Сосетката Дебора Голден, која  исто така живее во соседството,  ги слушнала криковите на девојчето. Откако ги видела трагите на каснување на вратот, таа и нејзиниот татко се обиделе да ја реанимираат.

За жал, Ема починала на патот кон болницата.

Сопственикот на кучето (33) е во притвор, но полицијата не го навела неговото име ниту го обвинила за нешто. Неговите кучиња биле однесени во Центарот за заштита и контрола на животните во Детроит каде што најверојатно ќе бидат евтанизирани.

Треба да знаете
Последни објави