Search

Три милиони Британци потпишаа петиција против Брегзит

Петицијата која ја повикува британската Влада да го повлече Членот 50 со кој се регулира напуштањето на Британија на Европската унија, денеска ја потпишаа три милиони луѓе.

Официјалната интернет страница стана недостапна вчера наутро, кога петицијата доби најголем број потписи досега, соопшти парламентарната комисија за петиција.

Бројни познати личности и пратеници на Твитер изразија поддршка за петицијата, која е една од најпопуларните што досега биле објавени на интернет страницата на Парламентот.

Даунинг стрит сугерираше дека премиерката Тереза Мај најверојатно ќе ја игнорира петицијата, наведувајќи дека таа „нема да поддржи повлекување на членот 50″.

Треба да знаете
Последни објави