Search

Три медицински сестри од Инфективната клиника си дале отказ во екот на пандемијата предизвикана од коронавирусот

Три медицински сестри, меѓу кои и главната сестра, денеска си дале отказ од Инфективна клиника.

Главната медицинска сестра која 28 години работи на Инфективната клиника во барањето за напуштање на работата навела дека причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим.

-Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година, напишала во барањето кое до Управата го доставила главната сестра на Инфективната клиника во Скопје.

Барањата за отказ ги објави д-р Ненад Лазаров, кој на Фејсбук напиша:

-Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време.

Отказите на трите медицински сестри доаѓаат во време на пандемија со коронавирусот, а  Инфективната клиника заедно со ГОБ “ Септември“ се клавните центри каде се лекуваат  пациентите кои се заразени со коронавирусот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави