Search

Три мали деца починаа на Флорида, останаа заробени во замрзнувачот

Три мали деца починаа на Флорида откако играјќи се останаа заробени во замрзнувачот, соопшти локалната полиција, пренесува „Скај њуз“.

Еден брат (6) и сестра (1) и друго девојче (4) играа заедно во дворот на семејниот дом.

Двете деца, шестгодишното момче и едногодишното девојче, живееле со својата баба на истиот имот каде што живеело четиригодишното девојче со својата мајка.

Тие биле оставени сами кратко време, и кога не можеле да ги најдат во куќата, почнале да ги бараат во дворот.

На крајот тие ги пронашле децата во неодамна купениот замрзнувач. Бидејќи сè уште не бил приклучен, тој стоел надвор од куќата неколку дена, во дворот, а децата играјќи се се качиле во него и веќе не можеле да го отворат.

Жените повикале полиција и пожарникари и се обиделе да ги реанимираат своите деца. Но, за жал, на децата им немало спас.

Треба да знаете
Последни објави