Search

Три лица се убиени денеска, а 15 се повредени во напад со граната во Индија

Три лица се убиени денеска, а 15 се повредени, во напад со граната во молитвена сала во северниот дел на Индија, соопшти локалната полиција.

Нападот го извршиле двајца маскирани мажи кои се движеле со мотор.

Мета на нападот била верската заедница на сиките во провинцијата Пенџаб.

Во моментот на нападот во салата имало стотици лица, но гранатата експлодирала малку понастрана од нив.

Повредените се хоспитализирани, а напаѓачите успеале да изблегаат.

Треба да знаете
Последни објави