Search

Три лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево

Вчера во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за с.Годивје-Дебрца се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увидна екипа од СВР Охрид направила увид соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави