Search

Три лица повредени во сообраќајка кај Струмица

– Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајката што се случи во 07:40 часот на регионалниот пат Струмица- Ново Село,меѓу селата Дабиле и Босилово, инфомираа од ТППЕ Струмица.

Во сообраќајката учествувале три автомобили „тојота корола”, „шевролет спарк” и „рено твинго”. Од силината на ударот еден автомобил се запалил, но пожарникарите успеале да го извлечат повредениот од него.

Во извлекувањето на повредените пожарникарите користеле и специјален хидрауличен алат.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа на струмичката полиција.

Треба да знаете
Последни објави