Search

Три лица загинаа при пад на мал авион на швајцарските Алпи

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа при уривање на мал авион на швајцарските Алпи.

Полицијата соопшти дека авионот полетал утрово од западна Швајцарија кон Италија и еден час по полетувањето се урнал и се запалил недалеку од границата со Италија.

Пронајдени се телата на пилотот и двајца патници, меѓу кои и дете, пренесе „АП“.

Треба да знаете
Последни објави