Search

Три лица загинаа во пожар во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Три лица загинаа во пожарот кој го зафати северниот дел на Калифорнија во округот Шаста, додека друг пожар изби во познатите вински региони во областите Напа и Сонома, поради што се евакуирани илјадници луѓе.

Засега не се соопштени детали за жртвите, ниту се наведени околностите на нивната смрт.

Од средината на август во Калифорнија беснеат големи пожари, во кои досега загинаа 29 лица.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом неодамна изјави дека пожарите покажуваат оти дебатата за климатските промени е „завршена”.

Причините за пожарите и понатаму се истражуваат.

Треба да знаете
Последни објави