Search

Три деца загинаa, шестмина повредени во експлозија на боца со гас во Романовце

Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце, објави „СДК.мк“.

Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

Фото: 360 степени

Треба да знаете
Последни објави