Search

Тригодишно дете од Дојранско каснато од змија во дворот од семејната куќа

Тригодишно дете од дојранското село Фурка веќе неколку дена е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести откако претходно во гевгелиската болница примило серум против змиски отров, информира Сител телевизија.

По каснување од поскок на Инфективна на болничко лекување е уште една жена, но лекарите велат дека и пациентката и детето се во добра здравствена состојба. Најважно според инфектолозите е веднаш да биде побарана лекарска помош.

-Освен овие двајца кои сега се на лекување, изминатиот период имавме уште три други кои беа хоспитализирани по каснувањље од змија. Но немаме некои со потешки компликации. По каснувањето најважно е да се преврзџе местото над каснувањето и веднаш да се отиде до најблиската здравствена установа бидејќи сите имаат на располагање од неопходниот серум, вели др. Жаклина Шопова од Клиника за Инфективни болести.

Истражувачите на змии од Македонското еколошко друштво велат дека во просек, возрасен човек од околу 80 килограми има околу 4 часа да добие лекарска помош пред отровот да предизвика комликации во организмот.

-По убодот најважно е да бидеме смирени, да не се крева паника бидејќи во тој случај срцето забрзано работи и отровот многу полесно се дистрибуира низ телото, вели Богољуб Стеријовски херпетолог во Македонско еколошко друштво.

Освен двајцата пациенти кои сега се на лекување на Инфективна, изминатиот месец во болница биле уште три лица поради казнување од змија. Поскок и шарка се змиите отровници во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави