Search

Три години затвор за скопјанката која го прегази тринаесетгодишниот Давид

Скопјанката Маја Л.(52) која пред четири години со автомобил го прегази 13 годишниот велосипедист, Давид Ангелевски на пешачки премин кај Градски Парк е осудена на три години затвор, информираа од Кривичниот суд во Скопје.

„Со пресудата обвинетата М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и е осудена на казна затвор во траење од 3 години. Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на Законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници“, соопштија од судот.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави