Search

Тричковски: Првото место во групата ни е императив

Еден од најискусните македонски фудбалски репрезентативци во овој изменет состав Иван Тричковски (33 г.) во пресрет на утрешниот (18 ч.) последен натпревар од групата 2 во Ц -Лигата на нации, со Ерменија, кој ќе одигра на неутрелен терен во Никозија, верува дека и со вака комбиниран тим дека „црвено-жолтите“ можат да ја зачуваат првата позиција и да се изборат за настап во новото издание од ова натпреаврување скалило погоре. Голгетерот кој на Кипар е како дома  бидејќи веќе четврта година го носи дресот на АЕК Ларнака, а претходно има поминато уште четири сезони во тимовите Енозис и АПОЕЛ е убеден дека со колективна игра утре против Ерменија може да се продолжи низата без пораз во последните осум натпревари (пет победи и три нерешени исходи). Македонија и со реми ќе остане првопласиран во групата.

-Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се за да забележиме добар резултат. Се чуствувам покомфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, немаме публика но имамаме императив – прво место, изјави Тричковски кој против Естонија во Скопје беше стрелец на еден гол во победата од 2:1.

Треба да знаете
Последни објави